февруари 27, 2015

Охрид, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.М. од Кавадарци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

На 2-ри август 2013 година на паркинг плац каде се одржувала забава, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило управувано од пријавениот, а во кое било уште едно лице од Неготино, при што во возилото биле пронајдени четири рачно изработени цигари и еден опушок, кои од извршеното вештачење е утврдено дека се работи за 3,16 грама мешавина од марихуана и тутун.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 20-годишниот И.К. од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 5-ти јануари годинава на улицата „Партизанска“ во Охрид е извршен преглед над пријавениот и уште едно лице од Охрид при што пријавениот позади него фрлил хартиена паковка во која имало 0,76 грама марихуана. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука