февруари 27, 2015

Истанбул, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Турската полиција уапси маж, кој се заканувал дека ќе активира бомба во близина на американскиот конзулат во Истанбул.

Полицијата добила информација дека осомничениот го паркирал автомобилот во кој имало експлозив.

Човекот на возраст од 30 години се заканил дека ќе активира бомба.

Специјалните полициски сили го уапсиле осомничениот, кој бил ментално болен човек. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука