ноември 1, 2014

Охрид, 1. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Продолжува соработката на најслушаната локална радио станица во Република Македонија – Супер радио и кафе барот „Кадмо“ на брегот на Охридското Езеро.

Од 14:00 до 15:00 часот и денеска, во „Кадмо бар“ ќе има многу забава, музика, награди за посетителите и екстра изненадувања, а преносот ќе биде во живо на фрекфенцијата на Супер радио.

– Влегуваме во вториот месец од нашата соработка и таа ќе продолжи секако и во иднина. И овој викенд нудиме супер музика и забава во живо со многу изненадувања. Испраќаме покана до сите наши слушатели и читатели на OhridPress да се дружат со нас во „Кадмо“, велат Жанко Зш Голабоски и Дџ Јане, кои се задолжени за забавата.

Дџ Реџи Рулс атмосферата ќе им ја доближи и на сите слушатели на Супер радио преку фотографии кои ќе се објавуваат на официјалната ФБ страна на радиото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука