март 3, 2015

Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од 2014 година изнесува 31.775 милиони денари и забележа пораст од 3.752 милиони денари или 13,4% споредено со крајот на минатата година односно реализација на планот од 107%.

– Зголемувањето во анализираниот период е резултат на зголемувањето на депозитите на клиенти за 3.559 милиони денари или 18,2% и зголемено финансирање од меѓународните финансиски институции за 1.341 милиони денари, додека во истиот период извршен е отплата на средства користени од Societe Generale во вкупeн износ од 1.261милиони денари, информираат во банката.

Во вкупните извори на финансирање на банката депозитите на комитенти (физички и правни лица) се со најголемо учество од 72,6%, и во однос на крајот на претходната година се зголемени за 18,2% или 7% повеке од планираниот износ за декември 2014 година. Од аспект на рочната структура кај депозитите на клиенти 56.7% се орочени депозити, депозитите по видување учествуваат со 36,9%, а ограничените депозити со 6,4%.

– Кредитните линии од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 16,8% , во кое учество имаат кредитни линии од ЕИБ, ЕБРД ,ЦЕБ, ИФЦ, МБПР, и кредитни линии од СГ со што реализираниот износ е во линија со планираното. Субординираните обврски на крајот од 2014 година се во износ од 877 милиони денари и истите се непроменети во однос на минатата година и се согласно планираниот износ, велат во банката.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со 31.12.2014 достигнаа износ од 2.216,7 милиони денари и бележи пораст од 11,7% како резултат на зголемен износ на задржана дибивка и зголемени резерви, што е согласно планот на Банката за јакнење на капиталната основа на банката. (Крај)

извор: emagazin.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука