март 3, 2015

Охрид, 3.март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Милан Левов, поранешниот ракометен репрезентативец ќе го засили тимот на Охрид.

По тешката повреда, ракометарот потпиша договор за охридскиот ракометен клуб до крајот на сезоната.

Левов е поранешен играч на ракометните екипи „Вардар“, „Металург“ и „Тиквеш“. Тој беше во комбинација да го засили ракометниот клуб „Зомимак“, но преговорите пропаднаа. (Крај)

извор:ОхридПрес  фото:РК Метарлург

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука