март 3, 2015

Лондон, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, не верува дека може да добие договор со американското правосудство. Според него ако Хилари Клинтон стане претседател, шансите за тоа значително ќе се намалат.

– Договорот со САД, ако Хилари стане претседател, е малку веројатен. Таа беше државен секретар за време на мојот случај и можам да кажам дека е многу агресивна, посочува Асанж.

Асанж, кој од јуни 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, стравува дека ако биде екстрадиран во САД, може да биде осуден на смрт.

Во интервју за швајцарското радио и телевизија RTS, Асанж ја споделил тагата од тоа дека е разделен од блиските. Тој, сепак, вели дека ако човек верува во нешто, треба да ја плати цената за тоа.

Тој додава дека Франција треба одигра главна улога во европската независност. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука