март 4, 2015

Палермо, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младиот аргентинец Паоло Дибала со извонредните игри оваа сезона во Серија А, го привлече вниманието на голем број европски клубови, кои ќе „се борат“ за неговиот потпис во летниот преоден рок.

Очекувано е по крајот на сезоната Паоло Дибала да замине од Сицилија, а самиот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини потврди дека напаѓачот ќе биде продаден.

За Аргентинецот голем интерес покажаа сите европски гиганти а тој самиот не крие дека за него би било остварување на сонот доколку потпише за Барселона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука