март 4, 2015

Доњецк, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според првичните информации, повеќе од 30 рудари загинаа во експлозија во најголемиот рудник за јаглен во Донбас, Засјадко, објави Ројтерс.

Информацијата ја даде Владимир Чимбаљенк, шеф на Комитетот за технички надзор на рудниците во самопрогласената Донецка Народна Република на истокот на Украина.

Од Комитетот за технички надзор апелираат да се отстранат токсичните гасови од рудникот, кој се наоѓа во близина на Донецк, со цел спасувачките екипи да можат да дојдат поблиску до местото на несреќата.

Се претпоставува дека експлодирала мешавина од гас и воздух. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука