март 4, 2015

Вашингтон, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полициските служби на САД и НСА го испитуваат извештајот на кој се слушаат истрели во близина на седиштето на Агенцијата за национална безбедност во Мериленд, каде имало оштетување на една зграда.

Портпаролката на полицијата, Ленани Вудс изјави дека биле информирани за користење на огнено оружје во близина на излезот патот долж Балтимор, Вашингтон, кој води кон тврдината Миди, каде е седиштето на НСА.

– Властите го идентификуваа оштетувањето на една зграда, рече таа, додавајќи дека штетата е предизвикана од удари.

Според неа, нема повреден, а полициските службеници и НСА го истражуваат случајот. (Крај)

извор: АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука