март 5, 2015

Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младите членови на бендот Limitless од Охрид, ќе организираат уште една хуманитарна забава за помош на семејството Марџиеви од Валандово, чија куќа изгоре во пожар.

Хуманитарната забава ќе биде во кафе барот Shilla, утревечер, со почеток во 22 часот.

– Да им ги вратиме топлиот дом и изгубените спомени на семејството Марџиеви, кои трагично ги изгубија во пожар. Жално е 8 -члено семејство да се остави на улица без покрив на главата. Затоа да ја покажеме нашата хуманост и да се собереме во што поголем број, порачуваат младите членови на Limitless.

Од Limitless и минатата недела организираа хуманитарна забава за ова семејство, каде настапуваа и други музичари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука