јануари 24, 2015

Лондон, 22. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нема ништо поздраво од вежби, но кои ги вклучуваат сите мускули.

Се поставува прашањето дали луѓето кои вежбаат, ја држат правилната рута на вежби за целото тело. Неправилното вежбање е еднакво на забавно хоби, но не и успешен развој на телото.

При комбинацијата на пешачење, кратки рути на трчање, неколку кардио вежби во природа или на отворен простор, а потоа практикување смо по една од секоја серија вежби пилатес, јога, аеробик и фитнес, е вистинското решение за намалување на  крвниот притисок и шеќерот во крвта, намалување на срцеви заболувања и ризикот од рак, подобрување на протокот на крв, исправено  држење на телото, зајакнување на коските, подобрување на функцијата на белите дробови. Ваквата правилна рута на вежби го подобрува спиењето, спречува депресија, спречува дебелина и го намалува нивото на стрес.

За лицата да знаат да оценат дали неправилно вежбаат, покажува фактот ако почувствуваат болка при изведување на вежбите. Тоа автоматски значи дека не се на вистинскиот пат. Болката при изведување вежби значи или дека личноста премногу се форсира, или се фокусира само на еден вид вежби, а ги запоставува другите делови или мускули на телото. (Крај)

извор: MNT фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука