март 7, 2015

Барселона, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона веќе подолг период го следи играчот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон.По Луис Суарез тој би можел да биде нов фудбалер што од „Енфилд роуд“ ќе се пресели на „Камп Ноу“.

24-годишниот фудбалер оваа сезона игра одлично во дресот на Ливерпул а по повредата на Џерард ја носи и капитенската лента. Добрата форма Хендерсон ја потврди и со головите што ги постигна на последните два меча, против Манчестер сити и Барнли.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука