март 7, 2015

Рим, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Калчолигата донесе одлука за да и помогне на Парма да ја  доврши оваа натпреварувачка сезона.Првите луѓе на лигата на состанок со претставниците на клубовите од Сериа А постигнале договор на Парма да и се помогне со околу пет милиони евра.

Сумата што ќе ја добие Парма е од  парите што клубовите ги уплаќаат  на сметка на лигата како казни.Наместо да бидат поделени овие финансиски средства ќе заминат на сметката на Парма за овој клуб да се спаси од колапс.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука