март 9, 2015

Битола, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила на патот Радобар кон Могила.

Откако изгубиле контрола на возилото, марка Лада Самара, кое се превртело, надојдените води од поплавите, ги повлекла заедно со возилото. За среќа тие успеале да го напуштат автомобилот кој пропаднал два и пол метри под вода. На помош дошле жителите од околните села но, не успеале да го извлечат автомобилот.

Новите врнежи од дожд и снег во Македонија, предизвикаа нови поплави во пелагонискиот регион. Најкритична е состојбата во Могила, каде се поплавени нивите и домовите на жителите. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука