јануари 24, 2015

Манчестер, 22. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми јавуваат дека управата на Манчестер Јунајтед испратила официјална понуда за Пол Погба во висина од 80 милиони евра.

Агентот на играчот, Мино Раиола вчера остварил средба со првите луѓе на клубот кои му ја претставиле понудата и се подготвени на Погба да му даваат плата од 9 милиони евра по сезона.

Пол Погба пред две години токму од Манчестер Јунајтед направи трансфер во Јувентус и тоа како слободен играч без обештетување. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука