јануари 1, 2017

Истанбул, 1. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот фудбалски состав, Фенербахче, му предложил на холандскиот тим Ајакс 3 милиони евра за да ги купи правата на напаѓачот Ласе Шоне.

Репрезентативецот на Данска има договор со клубот од Амстердам до наредното лето, а тренерот на Фенербахче, Дик Адвокат лично инсистирал токму Шоне да биде привлечен уште во текот на зимскиот трансфер период.

Искусниот фудбалер од почетокот на сезонава има одиграно 20 натпревари за Ајакс во кои постигнал четири голови и забележал пет асистенции. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука