јануари 1, 2017

Мадрид, 1. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Реал Мадрид пројавува сериозен интерес за дефанзивецот на Наполи, Фаузи Гулам.

Според весникот „Марка” тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан бил импресиониран од алжирскиот репрезентативец и инсистира да го привлече на „Сантијаго Бернабеу”.

Во оваа сезона 25-годишниот дефанзивец има одиграно 15 натпревари во Серија „А”, но до сега не се запиша во листата на стрелци. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука