јануари 2, 2017

Амстердам, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Холандскиот фудбалски стручњак, Франк Рајкард, во иднина нема веќе да работи како тренер, пренесуваат медиумите.

Тој пред неколку години ја водеше Барселона, со која освои неколку трофеи, но сега дефинитивно реши да се посвети на своето семејство.

Негов последен ангажман беше на клупата на Саудиска Арабија, а уште ги водеше и Холандија, Барселона, Галатасарај и Спарта Ротердам. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука