Охрид ја пречека Новата 2017 година

Охрид, 1. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со огномет и забава со Dj-и и пејачи, дел од граѓаните и туристите синоќа ја дочекаа новата 2017-та година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Како и секогаш полни со верба и надеж за подобро, охриѓани од новата година очекуваат пред се` многу здравје, но и мир и стабилизација на земјата и подобрување на економската состојба.

– Исти ни се желбите секоја година, но за жал многу споро ни се исполнуваат. Сакаме здравје да има за сите, да работиме и да живееме нормално.

– Што посакувам? Посакувам да се вратат децата кои ни избегаа надвор. Тоа ми е најголемата желба.

– Посакувам да има мир, да се помират сите партии и политичари и да биде Македонија убаво место за живеење, се само дел од коментарите на охриѓани и гостите на новогодишната ноќ.

На Градскиот плоштад во Охрид се одржа програма поделена во два дела, првиот резервиран за локалните Dj-и Аце и Nasty deluxe, додека во вечерните часови, граѓаните ги забавуваа Ѓоко Танески и Елена Велевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Nasty deluxe

scroll to top