Охрид, 1. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress од денес и секој ден во новата 2017-та година ќе Ви нуди фотографии од Охрид снимени од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 01.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“ ќе добие и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
инфо: 1. јануари 2017 година
– Времето беше претежно сончево, со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура во Охрид се искачи до 5. степени.
– Без поголеми инциденти, со огномет и забава, дел од граѓаните и туристите синоќа ја дочекаа новата 2017-та година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“
– По бурната новогодишна ноќ, Охрид на 1. јануари се разбуди облеан во прекрасно сонце
– Женска година во Охрид, првото бебе родено во новата 2017-та година е женско