јануари 2, 2017

Охрид, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и можностите што им ги нуди на спортските колективи за подготовка во текот на зимскиот период се вистински „магнет“ за привлекување на екипи не само од Македонија, туку и од странство.

Зимава крај охридското крајбрежје формата за вториот дел од сезоната ќе ја темпира прволигашот од Босна и Херцеговина, Крупа кој во деби сезоната котира високо на табелата, заземајќи го четвртото место, јави порталот gol.mk.

Крупа во Охрид ќе се подготвува од 30-ти јануари до 13-ти февруари, период во кој ќе одигра и неколку пријателски натпревари против наши екипи, но и со тимови од Србија и Албанија кои во истиот период ќе престојуват во градот. (Крај)

извор: gol.mk фото: gol.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука