јануари 3, 2017

Манчестер, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жозе Мурињо сака да го доведе во тимот напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој игра одлично оваа сезона.

Управата на „ѓаволите“ е подготвена да понуди 80 милиони фунти за неговите услуги, иако напаѓачот пред неколку месеци го продолжи договорот до 2020 година.

Досега раководството на Тотенхем немаше конкретни понуди за негов трансфер и не се знае дали ќе ја прифати оваа понуда на Манчестер јунајтед. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука