јануари 7, 2017

Мадрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите пишуваат дека Алваро Мората е незадоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да се врати во Јувентус, каде се изгради во напаѓач од светска класа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот би можел да се актуелизира следното лето кога Марио Манџукиќ најверојатно ќе ја напушти „старата дама“.

„Кралевите“ сакаат да ја искористат ваквата ситуација и да договорат трампа со Јувентус, бидејќи голема желба на Флорентино Перез е Пауло Дибала. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука