јануари 5, 2017

Струга, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН), денес во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга започнува настанот Dreaming of a white DrimON во организација на Здружението ИНКА.

Кик оф на Бел ДримОN се случува денес со изложбата на постери Artvertizing for fair press во Бистро Калапалак. На настанот ќе се промовира новиот број на списанието „Лице в Лице“. Со купувањето на новото бројче граѓаните ќе ја охрабрат продавачката Јасе Блажеска од ПОРАКА НОВА Струга и ќе помогнат таа да заработи средства за некоја новогодишна желба. Изложбата е во продукција на ИНКА за проектот МEDIA CIRCLE, а за забавата е задолжена Наташа Гелева, активистка на организацијата. Влезница за овој настан, како и за изложбата „Запознавање“, не се наплаќа.

Настанот ќе се покрие од сопствени средства на здружението и од влезници. Влезниците можат да се набават како блок влезница од 200 денари, или по 150 денари за претстава или за концерт. Во влезница за концерт е вклучен и еден пијалок, а за средношколците, картите се со намалување, односно 150 денари за блок влезница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука