јануари 7, 2017

Охрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со свети архиерејски литургии во сите парохиски цркви во Охрид, утрово започна слевењето на големиот православен празник Рождество Христово – Божик.

Православните верници не само што ја продолжуваат повеќе од 20 – вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.

Со посета на најблиската црква, а потоа подготвувањето на богатата и свечена божиќна трпеза, православните верници од Охрид и охридско, верни на својата вера и традицијата, денес го слават Божик. По синоќешната бадникова посна трпеза, денес се подготвува богата вечера. Божикните честитки претежно се однесуваат на здравје, среќа и бериќет за иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука