јануари 6, 2017

Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 300 дечиња беа дел од масовната бадникова поворка, која денес во Охрид го навести Христовото раѓање.

Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. И минатата година во Охрид на Градскиот плоштад беше организирана ваква поворка.

– Ние како организатори сме многу рдосни што успеваме постепено да го откоренуваме онј пагански начин на прославување на овие христијански празници затоа сакаме да упатимеедна порка до сите мајки, татковци, баби и дедовци нека ги упатат своите деца да земат учество во оваа поворка на големиот христијански празник Бандик. И да ја пеат оваа песна Велниот Бог за да можат да ја почуствуваат радоста и љубовта во срцата што самиот Христос ни ја дава, истакна Летка Филипова од организациониот одбор на настанот.

Организаторите додаваат дека граѓаните и оваа година покажале голем интерес за поворката.

– Многу беа задоволни како беше организирано минатата година. Исто така, акцент е става, да се напушта полека практиката на пеење на паганската популарна песна „Коледе леде“ и да се замени со песната „Вечниот Бог“, која е во духот на црковното пеење. Децата кои нѝ доаѓаат, кога ги прашуваме дали ја знаат песната, велат дека ја знаат од слушање. Оние кои не ја знаат, навистина се заинтересирани да ја научат целосно, вели Снежана Петреска, дел од организациониот одбор на Бадниковата поворка за Охрид.

Овој Божик вакви бадникарски поворки се предвидени во Скопје, Битола, Радовиш, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево и Ресен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука