јануари 8, 2017

Охрид, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве во Битола наврна снег од 20-30 сантиментри, а температурите паднаа и до 20 степени под нулата.

Ова намалување на температурата ги расипа плановите на управата на Пелистер, која го помести стартот на подготовките за два дена. Наместо денес, во вторник пелистерци ќе го имаат првиот собир, но не во Битола, туку во Охрид, јави порталот гол.мк.

Наџи Шенсои ќе прозива на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид, каде битолчани ќе останат десет дена и ќе ги минат базичните подготовки. Веднаш потоа предвидено е враќање во Битола од 20 јануари, ако временските услови тоа го дозволат, за на 27 јануари делегацијата на пелистерци да замине за Аланија на двонеделни подготовки.

Во Турција предвидени се неколку контролни натпревари, а дефиниран е дуелот со бугарскиот Нефтохимик. На првиот тренинг предвидено е да се појават околу 30 фудбалери, а меѓу нив ќе бидат и тројцата новајлии Илијоски, Блажевски и Мециновиќ. (Крај)

извор: гол.мк фото: гол.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука