Охрид, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дуќанџиите во Градската чаршија, потпомогнати од вработените во комуналното претпријатие ја исчистија чаршијата и истата е чиста и проодна.
Ова беше особено проблем со мразот, кој во комбинација со мазните плочки во чаршијата беше потенцијална опасност за минувачите.
За разлика од чаршијата, дел од улиците се уште под дебел слој мраз, што резултираше со излизгувања и помали сообраќајни незгоди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес