јануари 9, 2017

Скопје/Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Од Управата за јавни приходи ги информираат граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години, како и за 2016 година тоа да го сторат во најкраток можен рок.

Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.

Граѓанинот може да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет користејќи ја услугата „е-Плаќање на персонален данок“.

– Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp. Доколку граѓанинот по различни основи има потреба да му биде издадено Решение за утврдување на персонален данок, може да поднесе Барање за препис, велат од УЈП.

За дополнителни информации граѓаните можете да се консултираат преку Инфо центарот 0800 33 000. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука