јануари 11, 2017

Мец, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Франција почнува светското првенство во ракомет на кое учествува и репрезентацијата на Македонија.

Нашата селекција е групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола, а првиот натпревар нашите ракометари ќе го играат утре против ракометарите на Тунис.Вечерва мундијалот го отвараат домаќинот Франција и селекцијата на Бразил, а пласман во нокаут фазата ќе обезбедат првите четири репрезентации од секоја група.

Тутулата ја брани Франција а меѓу фаворитите за трофејот се и Данска, Шпанија, Германија и Хрватска. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука