јануари 11, 2017

Манчестер, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Французинот Морган Шнидерлин го напушта Манчестер јунајтед, но ќе остане во Англија.

Иако се шпекулираше дека ќе се врати во татковината и ќе игра за Олимпик Марсеј, сепак,екипата на Евертон успеа да ги договори условите за негов трансфер.По лекарските прегледи, Шнидерлин треба за сума од 22 милиони фунти да се пресели на „Гудисон Парк“.

Тој беше во немилост на Жозе Мурињо и токму затоа и си заминува од „Олд трафорд“. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука