јануари 11, 2017

Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 13 јануари, за православниот празник Василица – Стара Нова година, во објектот на Mr.I ќе се организира маскенбал и голема забава во Mr.I со Жаре Бербер и Бенд 18+.

– Велат дека најубавите забави се под маски, бидејќи тогаш секој човек се ослободува, може да биде која сака, да биде актер, пејач, спортска ѕвезда, да има професија спротивна од неговата и сето тоа да пружи уште поголемо уживање, велат од Mr.I.

Почетокот е во 22 часот.

Влезот е слободен, а за најдобрите маски следуваат многу изненадувања.

Резервации и информации на телефоните:
070 37 70 08
070 30 70 20 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука