јануари 11, 2017

Санта Клара, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Интернет гигантот Yahoo и официјално ќе престане да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка.

Одлуката дека Yahoo заминува во историјата е потврдена во извештајот кој компанијата го испратила до американските регулатори.

Во извештајот се наведуваат точните планови за начинот на кој Verizon ќе го преземе Yahoo. За потсетување, Yahoo е продаден за 4,8 милијарди долари. Кога ќе биде завршен целиот процес на преземање, односно кога ќе биде предаден имејлот, веб страниците, мобилните апликации и рекламните алатки, компанијата ќе добие ново име, Altaba.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Yahoo во холдинг компанија за вложувања на кинескиот лидер во електронската трговија Alibaba и компанијата Yahoo Japan, кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари. (Крај)

извор: Yahoo News фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука