јануари 12, 2017

Струга, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес точно напладне ќе биде отворена Изложба на слики на академскиот сликар Ниче Василев во рамките на културните активности на Вевчанскиот карневал 2017.

Изложбата ќе биде поставена во Клубот на пензионери во Вевчани.

Ниче Василев е роден во 1948 година во село Давбиља, Струмичко. Студирал во Скопје, Софија, Република Бугарија и во Варшава, Полска, на академијата за ликовни уметности – отсек
сликарство, во класата на проф. Лудвиг Мачонг.

Во 1980 станува член на ДЛУМ. Наградата на „Остен“,светска галерија на цртеж, биенале на цртеж ја добива во 2012.

Во досегашнта уметничка дејност Ниче Василев има реализирано над 29 индивидуални изложби, почнувајки од 1977 година. Изложувал во Варшава, Мадрид, Скопје, Крањ, Штип, Софија, Битола, Струмица, Шедлице –Полска, Анкара, Велес , Штум-Барловице-Полска, Гевгелија, Груец,Полска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука