јануари 12, 2017

Нион, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на финансиската комисија на УЕФА,ФК Партизан во една од следните три години нема да може да игра во Европа,пренесува весникот Спортски журнал на својата интернет страница.

Финансиската комисија на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј на една година го исфрли фудбалскиот клуб Партизан од европските купови.

Како што пренесува весникот се работи за сума од 2,5 милиони евра која ја должи српскиот клуб, а од управата на Партизан соопштиле дека имаат рок до 31.јануари да ги подмират обврските кон УЕФА и да ја избегнат суспензијата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука