јануари 12, 2017

Охрид, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рокот за поднесување на документи за остварување на социјалната заштита, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици, е продолжен до 18 јануари.

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните.

Субвенционирањето на трошоците за комуналните услуги се однесува за периодот од 1-ви јануари годинава заклучно со 31.12.2017 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600 денари месечно.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошците за комунални услуги од Буџетот на Општина Охри, имаат лицата со статус на: корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука