јануари 12, 2017

Мелбурн, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со златни букви пишува историја за себе, но и за македонскиот тенис со победата утрово во првото квалификациско коло на Australian Open 2017.

Ѓорческа на стартот од квалификациите за Australian Open ја победи американката Саша Викери со 2-1 во сетови (6-2,3-6,6-3).

Во второто квалификациско коло кое е на програмата утре рано наутро ,Ѓорческа ќе игра против унгарската тенисерка Далма Галфи која е на 160. место на ВТА ранг листата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука