јануари 13, 2017

Струга, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Главниот дел, дефиле на маските ќе се случува денес на Вевчанскиот карневал 2017.

Синоќа во Вевчани настапија женскиот бенд од Нови Сад „Фрајле“, потоа дуото ДНК и групата Нокаут.

Денес во 13 часот е традиционалното дефиле на маските, кое ќе трае цело попладне, а потоа ќе следи вториот музички ден. Од 21 часот ќе пеат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

Вевчанскиот карневал завршува утре, на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години.

Учесници се околу 1.500 василичари. Попатно на поворката се придружуваат соселани од сите селски маала кои се упатуваат кон изворите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука