јануари 14, 2017

Мец, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По првите три дена на СП во Франција капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се наоѓа на второто место на листата на стрелци.

Лазаров против Тунис постигна 12 гола, па повеќе од него има само Уве Генсхајмер од Германија кој синоќа во дербито против Унгарија дури 13 пати ја погоди мрежата.

Денеска Македонија од 20.45 ч ќе игра против Ангола и тоа е нова шанса за црено-жолтите да постигнат победа, но и Лазаров да го подобри својот биланс. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука