Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 16.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 16.01.2017 година
– Висината на снежната покривка во Охрид е 3 сантиметри
– Поради новите врнежи од снег, повторно забрана за тешки товарни возила на Плетвар.
– Објавена е тридневната програма за одбележување на верската манифестација за празникот Богојавление – Водици во Охрид, вклучувајќи повеќе активности.
– На крајот на месецов ќе се објават резултатите од пописот на сите капацитети во угостителството.
– Најавена посета на јапонска делегација од Музејот на езерото Бива во Хидробиолошкиот завод – Охрид.
– Децата од предучилишна возраст ќе примаат една вакцина помалку, исфрлена е ревакцината ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис).
– Охридска премиера на драматизацијата на „Дениција“ од Петре М. Андреевски ќе се одржи на 19-ти јануари.