јануари 17, 2017

Амстердам, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Холандскиот фудбалски тренер Луј ван Гал на 65-годишна возраст и официјално соопшти дека става крај на својата тренерска кариера.

Иако имал понуда од клуб од Азија за тригодишна соработка вредна 44 милиони фунти, тој ја одбил и истакнал дека нема намера повеќе да се занимава со тренерската работа ,туку ќе му се посвети на своето семејство.

Ван Гал тренерската кариера ја започнал во 1991 година, бил тренер на Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и на Манчестер јунајтед, а ја предводеше и селекцијата на Холандија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука