јануари 18, 2017

Виена, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Европската ракометна федерација ја објави ранг листата на најдобрите националните репрезентации за 2016 година.

Машката македонска селекција е на 14.место во машка конкуренција, едно место подолу од лани. Женската селекција бележи пад од пет места во однос на лани и се наоѓа на 22-то место.Во вкупниот рејтинг, според ранг-листата на ЕХФ, Македонија е на 17.место.

Германија која е актуелен европски шампион, е на првото место на ранг листата на ЕХФ во машка конкуренција, додека женска листа ја предводи селекцијата на Норвешка. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука