Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го празнуваат празникот Богојавление – Водици, а Охрид е една од најчестите дестинации за туристите.
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.
Охридското пристаниште и чаршија беа исполнети со верници и претежно домашни туристи, кои го проследија Богојавленскиот чин.
Петар Рупески денес повторно го фати Светиот крст во осветените води во Охрид. Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.
Среќниот фаќач на крстот посака здравје и бериќет за себе, неговите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес