јануари 19, 2017

Мадрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Реал Мадрид за неполни четири дена два пати беше поразена,откако во неделата загубија од Севилја во Примера, синоќа беа поразени од Селта во првиот натпревар од четвртфиналето на Кралскиот Куп.

Селта изненадувањето го направи во второто полувреме кога го надигра Реал во Мадрид со 2-1 и ја забележа првата победа над „кралскиот клуб“ по пауза од десет години.

Реванш мечот во Виго на програмата е на 24.јануари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука