јануари 19, 2017

Струга, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Големиот христијански празник Богојавление – Водици денес се одбележа и во Струга.

Годинава најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше Стефан Мечкароски од Струга го фати Светиот крст во водите на Црн Дрим.

vodici2017struga2Верниците и годинава порачаа сите заедно да помогнеме и да подадеме рака за сите кои се молат и веруваат во Бога. Очекуваат здравје, но и духовен и мирен живот.

vodici2017struga3Во ладните води на Црн Дрим, денес по Светиот крст во Струга скокаа стотина верници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЦК Струга

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука