јануари 19, 2017

Мелбурн, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најголемата сензација во Мелбурн на Australian Open ја направи Узбекистанецот Денис Истомин, елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ уште во 2. коло.

Ѓоковиќ остана без титулата во Мелбурн и за првпат беше елиминиран во раната фаза на некој Грандслем турнир уште од 2008 година. Истомин е првиот тенисер под 100. место на АТП листата на кого му пошло од рака да го победи србинот на еден Грандслем турнир во кариерата.

Узбекистанецот кој  е 117-ти играч на светот стигна до триумф во пет сета, со 7-6,5-7,2-6,7-6 и 6-4.

Novak 2

Сега следува уште поболен период за Ѓоковиќ, бидејки по оваа елиминација, тој ќе загуби 1955 поени на АТП рангирањето и драстично ќе го одалечи од првата позиција која сакаше да ја врати од Енди Мареј. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука