јануари 20, 2017

Манчестер, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Клубот од „Етихад“ на својот официјален сајт потврди дека Манчестер Сити и официјално го добил новото засилување во своите редови, Габриел Хесус.

19-годишниот напаѓач уште минатото лето го договорил трансферот во Сити, но до овој месец беше член на Палмеирас.

На 85 натпревари во дресот на Пелмеирас тој постигна 25 погодоци, а своето деби за екипата на Пеп Гвардиола би можел да го има веќе утре на дербито против Тотенхем. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука