јануари 21, 2017

Албервил, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе игра против Норвешка во осминафиналето на 25-то Светско првенство.

Нашите ракометари ќе бидат без Дејан манасков кој има повреда на мускулот и најверојатно во наредните два месеца ќе отсуствува од ракометните терени.За денешниот меч стручниот штаб на репрезентацијата ќе може да смета на Филип Миркуловски, кој исто така предвреме го заврши натпреварот против Исланд.

Пред дуелот во Албервил улогата на фаворит ја има скандинавската селекција која го освои второто место во својата група.

Осминафиналната пресметка помеѓу Македонија и Норвешка ќе започне во 16 часот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука