јануари 21, 2017

Вашингтон, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новиот американски претседател Доналд Трамп порача во инаугурацискиот говор дека од неговото доаѓање, нова визија ќе ја води државата и дека САД повторно ќе бидат на прво место и повторно ќе почнат да победуваат.

– Дваесетти јануари 2017 ќе се памети како ден кога народот стана владетел со оваа држава, повторно, истакна Трамп во говор одржан откако даде заклетва и официјално стана 45 претседател на САД. Ние граѓаните на САД сега сме заедно во голем национален потфат. Ќе го одредиме курсот на Америка. Ќе се соочиме со предизвици и со тешкотии, но ќе ја завршиме работата, потенцираше тој.

Додаде дека САД ќе бараат пријателство и добра волја во односите со други држави во светот.

Инаку синоќа полицијата и демонстрантите се судрија во Вашингтон за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

protestitramp

Најмалку 6-мина полицајци се повредени во судирот помеѓу полицијата и демонстрантите, во протестите кои, како што пренесуваат медиумите биле и насилни.

Полицијата уапси вкупно 217 лица, а за време на апсењето бил користен и лут спреј за да се контролира толпата. (Крај)

извор: МИА фото: Република

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука