јануари 22, 2017

Охрид, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Фени Индустри од Кавадарци стигна до убедлив триумф од 83:62 на гостувањето во салата „Билјанини извори“ против АВ Охрид и го држи лидерското место на табелата.

Охриѓани парираа во првите десет минути од играта во кои не им „пуштија” на гостите од Кавадарци да остарат некоја поголема разлика од онаа на истекот од десет минути (22:18). Но проблемите за избраниците на Петар Чочороски стигнаа во периодот на оние први ротации, но и кога никако не успеваа да реализираат во шутот од далечина (само 1/7 до полувремето за три поени).

Од друга страна кавадарчани делуваа доста сигурно.

Особено тоа се однесува за хрватскиот интернационалец Чешковиќ кој до големиот одмор веќе имаше 13 реализации. А ја погоди и првата тројка во третата четвртина по која Фени Индустри беше доста далеку во однос на АВ Охрид (46:27), што беше најава дека во овој дуел во „Билјанини извори” нема простор за изненадување.

Андреј Магдевски и Бранислав Ѓекиќ имаа дабл-дабл ефект во Охрид. Младиот репрезентатевц даде десет поени, ама имаше и исто толку скокови. Му недостасуваа само уште три додавања за ефектот да биде троен. Високото српско крило на Фени Индустри заврши со 14. пени и 15. скока, но Хрватот Чешковиќ беше прв стрелец со 21 поен, додека како стартер Пајиќ заврши со 11. реализации и пет скока. Бранко Јанески со 16, и Милојко Василиќ со 10 поени и 8. скока беа нешто подобри во лошото издание на охридскиот прволигаш. (Крај)

извор: sportmedia.mk фото: sportmedia.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука